Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: Внатре 40 маси, надвор 18, капацитет со луѓе 250
Локација: Туристички комплекс лоциран на најубавата точка на Шар Планина, и едно од најубавите скијачки центри во Македонија. Сместено е на надморска височина од 1800 метри со голем број ридови околу него.
Адреса: Хотел Скардус, Попова Шапка, Тетово
Сопстеник: Хашим Асани
Работно време: Пријавување од 14 часот, одјавување 10 часот
Хотелот „Скардус“ е совршенa симбиоза на разновидни светски приказни и финалната станица на сопственикот Хашим Хасани. Сместен е во планинското опкружување на Попова Шапка, на 1 800 метри надморска височина, идеален за скијачи и со име што се памети, што на латински значи Шар Планина.
Објектот има и место и биографија: изграден е во 2004 година, а 4-те ѕвездички се класификација за услугите и содржините. Располага со 36 соби, 2 ВИП-апартмани и 140 кревети. Ресторанот внатре има 40, а надвор 18 маси, бар, две конференциски сали и спа-центар. Трофеите од ловот се домаќински вклопени во амбиентот на гостилницата каде навраќаат ловџии од целиот свет, а меѓу гостите најчести се вљубениците во природата што го сакаат авантуристичкиот туризам, велосипедизмот и пешачењето.
Менито е создавано со заедничка, сплотена интелигенција помеѓу традиционалната кујна и италијанската техника на готвење. Секако, застапена е и медитеранската кујна − салати, риби, пасти. Најбарано предјадење е зеленчук на скара, а „бифтек скардус“ со сос од боровинки, сервиран со домашната паста е најомиленото главно јадење. Мал семеен десерт на подмладокот на семејството Хасани – панакота со шумски плодови − боровинки, малинки, јаготки и капини, набрани на планината, одлично им прилега на големите балкански гурмани што најубавото го чуваат за крај.
Фејсбук: Scardus Hotel
Инстаграм: scardushotel/
Trip Advisor: Scardus Hotel
Booking: Hotel Scardus
Е-маил адреса: info@hotelscardus.com
Веб страна: https://hotelscardus.com/
Телефон: +389 76 259 806
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.