Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: Се наоѓа во Јанче, во срцето на Националниот Парк Маврово, во општината Маврово-Ростуште. на пазувите на Бистра, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски.
Локација: Планинарски дом лоциран под врвот Царевец Маврови Анови, на главниот пат од десна страна уште 100 тина метри земјен пат.
Адреса: с. Јанче 1254, Маврово, Ростуше
Сопстеник: Тефик Тефиоски
Она што ќе го фати окото, светоглед под планината Бистра, од хотелот „Туто“ кон селото Јанче, е раѓање и молчење на зборот, сето она што го даваат патувањата и сништата. Тефик Тефиковски-Туто оваа автентична творба ја создавал со многу внимание и посветеност за да ја отвори во 2007 година. И бидејќи газдата цел живот се занимавал со градежништво, во просторот е задржана пејзажната архитектура, куќите се од камен и дрво, а хотелот е слеан со природниот амбиент.
Пространата гостилница е вистинска оаза на сè што минува, а остава траги како прошетка низ минатото, преку многуте дребулии, старите телефони, креденчиња полни со чаши, сервиси на нашите баби, ракотворби и дифтици на омилените тетки, розевото култно фиќо…
Во екопродавницата можете да купите слатко од дренки, шипинки, мед, органски чаеви, домашна киселина од диви јаболка, сокови и компоти и сè сезонско што го дава природата: тикви, ореви, лешници, костени.
Храната тука зборува неколку јазици − ќе вкусите италијанска, македонска, ама и мијачка кујна. По оригинална рецептура се прави реканската пита, многу се користи говедското месо, во грне на тутов начин, бирјан, аландити (филот е со солена вода, путер и мелени ореви, а се сече на мали парчиња како баклава), парена мазница, изварката во најдобра варијанта ќе ви ја зготви Туто, галички кашкавал и радичка пастрмка.
Фејсбук: hoteltutto
Инстаграм: hoteltutto/
Trip Advisor: Hotel Tutto
Booking: Hotel Tutto
Е-маил адреса: info@tutto.com.mk
Веб страна: https://vilamalsvetikliment.com/
Телефон: 042 470 999 / 071 241 373 / 072 204 014
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.