Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет:
Локација:
Адреса:
Сопстеник:
Од секое зрно грозје протекува најубаво вино што дава здравје, сила и моќ
Винар
Ѓорѓи Наумчев, имајќи лозје кое го наследил од татко си и откако се повлекол од професијата професионален кошаркар, започнува да прави вино. Винаријата „Наумчеви“ ја регистрира пред дваесетина години, постепено зголемувајќи го како капацитетот на винаријата, така и квалитетот на вината.
Лозови насади
Ѓорѓи поседува лозје од девет декари, кое се наоѓа во месностите Љубош и Овчка Река, каде почвата е претежно варовничка. Наумчев дополнително откупува винско грозје од кооперанти чии лозја се наоѓаат во Бегниште, Ресава, Фариш, Овчка Река, Кожуф и Богданци.
Вина
Наумчев е еден од првите винари во земјава кој започнува да прави вино од македонската сорта станушина. Тој произведува вина и од интернационалните сорти темјаника, шардоне, траминец, каберне совињон и сира, а вранецот е единствената регионална сорта во неговото портфолио.
Темјаника 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Грозјето е од насади во локалитетите Фариш и Бегниште. Ароматично вино со ароми на ситен босилок и бозел, меко на непце, богато со сочно коскесто овошје, со цитрусна свежина и игрива киселина.
Станушина розе 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Грозјето е од четириест и петгодишни насади во месностите Фариш и Ресава. Освежувачко со ароми на калинка, малина и шумска јагода, а на непце се преплетуваат вкусови на дренки и калинки, поткрепени со хармонична киселина.
Каберне совињон барик 2018 (ВКП Тиквешко виногорје) Грозјето е од насади на планината Кожуф. Богато со ароми и вкусови на ситнозрнесто темно овошје, сладок корен и ноти на ванила што се должи на повеќемесечното одлежување во дабови буриња. Раскошно вино со полно тело и меки танини.
Вранец барик 2018 (ВКП Тиквешко виногорје) Локалитетот Бегниште е местото од каде доаѓа грозјето за ова вино. Богато со ароми на џем од модри сливи и капини, со ноти на даб и ванила, резултат на повеќемесечното одлежување во дабови буриња. Полно на вкус, со сомотести танини и хармонична киселина.
Фејсбук:
Инстаграм:
Trip Advisor:
Booking:
Е-маил адреса:
Веб страна:
Телефон:
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.