Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет:
Локација: Кавадарци
Адреса:
Сопстеник:
Виното ги поврзува луѓето
Винар
„Попови“ е семејна винарија во сопственост на Гоце и неговата сопруга Весна, големи љубители на вино, кои обожуваат да шетаат по вински региони низ светот. Дедовците на Гоце и Весна на времето правеле вино, па таа љубов се пренесла и кај овој брачен пар кој во 2020 година ја регистрира винаријата. Ова е засега единствената винарија во Кавадарци која нуди сместување за гости, во преубави новоизградени апартмани.
Лозови насади
Попови имаат четириесет до педесетгодишни насади на кратошија на површина од 3 ха во месноста викана Белград, за кои имаат амбициозни планови. Засега откупуваат винско грозје од едни од најдобрите локации во земјата како Барово, Смолник, Дисан и Бегниште.
Вина
Гоце и Весна прават вина од интернационалните сорти шардоне, темјаника и каберне совињон, а од регионалните од вранец. Од следната година во својата понуда ќе имаат и органски вранец од насади во месноста Фариш.
Темјаника голд 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Грозјето е од лозови насади кои се наоѓаат во селото Бегниште. Суво вино, богато со ароми на бели цвеќиња, липа и бозел. На вкус откриваме сочно цитрусно овошје, надополнето со медести ниски тонови.
Шардоне смолник 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Суво вино од сортата шардоне од лозови насади во месноста викана Смолник. Се одликува со изразени ароми на ананас, банана и праска. Вино со средно тело, каде на непце се преплетуваат вкусови на компот од праски, свежина на зелено јаболко и суптилна блажина на свилени бонбони од лимон, поткрепени со хармонична киселина.
Дарк хорс вранец барик 2019 (ВКП Тиквешко виногорје) Грозјето за ова суво вино е од лозови насади во Дисан, локалитет познат по висококвалитетен вранец. Изобилува со ароми на зрели модри сливи и боровинки, надополнети со зачински ноти на даб и ванила поради делумното зреење на виното во дабови буриња. На непце е доста суво и богато со зрело, сочно црвено и црно ситнозрнесто овошје со ниски тонови на тутун. Вино со полно тело, игрива киселина и живи танини.
Фејсбук: facebook.com/Wine-cellar-Popovi
Веб страна: http://www.vinoshop.mk
Телефон: 075 423 370
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.