Хај Скардус Трејл (ХСТ) е транснационална планинарска патека која ги поврзува
пограничните зони на Албанија, Македонија и Косово. Патеката следи антички патчиња низ 5 планински масиви, сите со врвови повисоки од 2 000 м (највисок Кораб 2 764м), минувајќи низ богати мешани шуми, стари и пространи пасишта, покрај бројни леднички езера и потоци. А, за љубителите на културата тука се богатите културни ризници на градовите како Охрид и Призрен.
Името потекнува од латинското име за Шар Планина, Скардус или шарена планина, каков што е целиот регион на патеката, шарен и разновиден во однос на пејзажите,
биодиверзитетот, луѓето, активностите кои се нудат, традицијата и храната.
Поважни информации: 18 главни патеки во должина од околу 280 км
го сочинуваат ʼрбетот кон кој се прикачени и 33 споредни патеки кои овозможуваат пристап до и излез од ХСТ. Ваквиот систем на патеки нуди можност за креирање планинарски тури со различно времетраење и ниво на тежина.
Tурата можете да ја започнете во една земја, а да ја завршите во друга.
Далеку од туристите: Некои делови долги години биле дом само за селаните и нивните стада.
Слоу Фуд гостилници: Распоредени долж патеката, домаќините ќе ви понудат уникатно
гостопримство и ќе ве послужат со локална храна којашто тие сами ја произведуваат
или набавуваат од локалните мали производители.
High Scardus Trail (HST)
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.