Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет:
Локација:
Адреса:
Сопстеник:
Одржливо производство во склад со природата
Винар
Сашко Андов е млад винар кој е во целосен допир со природата, посветен на органското лозарство, виновата лоза и зачувувањето на нејзиното опкружување. Заедно со неговиот татко Душко ја започнуваат приказната за „Ерос“, уште во 2005 година кога ја регистрираат винаријата.
Лозови насади
Лозјата на Андови, со површина од два хектари насадени со темјаника, мускат отонел и вранец, се наоѓаат во селото Марена. Последниве години не ги ораат насадите, туку само ги косат, a корисните плевели ги оставаат да прецветаат, со што помагаат во обнова на биодиверзитетот. Дополнително откупуваат винско грозје од кооперанти кои ги одгледуваат лозјата со органски производи, а исто така земаат лозја под закуп за кои самите се грижат.
Вина
Винаријата „Ерос“ прави вина од локалната сорта станушина, која е еден од президиумите на Слоу Фуд Македонија, како и од регионалните вински сорти вранец, и од интернационалните шардоне, мускат отонел и темјаника.
Tалисман жилавка 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) − грозјето е од насади во локалитетот Овчка Река. Вино кое е освежително, со цитрусни ароми, тронка минералност и пријатна киселина.
П’на месечина 2020 (ВКП Тиквешко виногорје), мускат отонелот е од насади во месноста Ресава, берен за време на полна месечина, па оттука и името п’на месечина. Освежително, нефилтрирано вино, кое изобилува со ароми и вкусови на сок од бозел и цитрусно овошје.
Стелар темјаника 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) − Марена е месноста од каде доаѓа грозјето. Ароми на бели праски, бозел и цветови од крин, цитрусна свежина на вкус и полност што се должи на тримесечното зреење на фин талог.
Шардоне 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) − грозјето е од насади во селото Бохула на планината Кожуф. Нефилтрирано, богато со ароми и вкусови на свежо тропско овошје како сочен ананас, банани и ноти на мед.
Ева станушина 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) − вино со ароми и вкусови на калинка, црвена рибизла и листови од црвена рибизла. Грозјето е од насади во месноста Бегниште.
Фејсбук: facebook.com/eroswinery
Е-маил адреса: eros_trade_as@yahoo.com
Телефон: 071 375 795
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.