Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: 16 двокреветни соби, ресторан 40 седишта
Локација: Лоцирано во срцето на стариот дел на градот, главната улица која што води до Самоиловата тврдина
Адреса: Ул. Илинденска 52, Охрид
Сопстеник: Димитар
„Папас фуд“ – Охрид (Papas Food Ohrid), мераклиски опремена продавница за автентични традиционални и органски производи или, како што сопственикот Димитар Јовчевски ја нарекува – сувенирница за храна, е вистински пример за спојувањето на традиционалното и модерното. Сместена е во стариот дел на градот, распостлана на 50 квадрати, со име што открива дека таткото е голем гурман и со сосема испочитувана максима на просторот дека „помалку е повеќе“.
Главната ѕвезда во дуќанот е макалото од кое и започнало сè. Тоа е вкусот од детството, што сопственикот го испитувал, истражувал, експериментирал десетина години за да дојде до готов продукт во тегличка од 180 грама, со лук (од сопствени насади), сол, оцет и масло, по испробаниот семеен рецепт, со додадок на ореви, а наскоро и со лешник.
Во Папас можете да најдете разни деликатеси: ајвар по оригинален рецепт, мед од најчистите краишта на Македонија, со ѓумбир, сливи, смокви и кајсии, охридските губи и тарана што наликуваат на платната што Билјана ги белеше, гурабиите на баба, рачно изработена грнчарија од мајсторите од Вранешница, планинскиот чај од Галичица… Предизвик: со варено охридско ѓеврече можете да дегустирате сè, на лице место.
Целта на „Папас фуд“ – Охрид е и да се промовираат мали производители и семејни винарии кои не можат да се најдат на друго место.
Фејсбук: papasmakalo/
Инстаграм: malsvetikliment/
Trip Advisor: Papa's Food Ohrid
Е-маил адреса: papasfoodohrid@gmail.com
Веб: https://papasohrid.mk/
Телефон: 078 231 500
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.