Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: 10 тина маси на 2 тераси
Локација: Незаборавен поглед кон Охридското Езеро, сместена во пазувите на планината Галичица тераса „Утарна“ се наоѓа во село Коњско на 1100 м.н.в. или 3 км од најблиската плажа на патот кон Св Наум.
Адреса: Горно Коњско 6000 Охрид
Сопстеник: Наумовски Благоја
Кога ќе се искачите на „Тераса Утарна“ во селото Горно Коњско, на 1 100 метри надморска височина, најблиску до небото, ја имате ексклузивата во погледот и волшебната глетка на Охрид. Ирена и Благоја Наумоски од 2015 година во куќата-гостилница која домаќинот ја правел камен по камен, дрво по дрво, сеедно дали ќе се сместите на терасата или внатре − во просторот опремен со народни носии и разни дребулии од минатото, тие со радост ќе ве пречекаат.
За добредојде ќе ве послужат со слатко, а Ирена го прави од капини, цреши, тикви, дуњи, јаготки, сливи, кајсии…, а на заминување можете да си купите тегличе за спомен. Под небото, под каменот, важните докази на радост и хедонија се јадењата што само тука можете да ги вкусите: каурдисана туршија со ориз и праз, најбараните питулици, ѓомлезе, козјо сирење со мајчина душица и ким, лукајнци − домашни колбаси со џимиринки, внатрешни органи, праз и сува пиперка, варено телешко или свинско месо чувано во тегла, баклави со тиква или вишни.
Семејството Наумоски знае дека најдобрата реклама доаѓа од луѓето коишто веќе ги посетиле и пак се враќаат, но и преку социјалните мрежи, со закажување кога газадрицата може да им исполни секаква гурманска желба. Домаќинката вели: „Никогаш ништо не останува во чиниите“, што е импресивно за полн капацитет од 40 луѓе.
Фејсбук: villadihovo/
Инстаграм: /terasa.utarna/?hl=en
Trip Advisor: Terasa Utarna
Телефон: 076 945 165 / 076 621 843
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.