Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: 16 двокреветни соби, Ресторан 40 седишта
Локација: Eксклузивна вила со 4* приватно сместување, во самата близина на стариот град наречен Долна Порта, во тивка уличка далеку од сообраќајот но на само 50 – 100 чекори од езерото.
Адреса: Ул. Методи Патчев 8, Охрид
Сопстеник: Будимир Соколовиќ
Велат, ден без вино е како ден без сонце, а таа сончевина заробена во шише е заштитен знак на винаријата и вила „Мал Св. Климент“. Во староградското јадро на Охрид, спроти црквичката Свети Климент, во стена, простор оплеменет со мозаици, се наоѓа објектот на Будимир Соколовиќ- Буцо, кој настана од чиста љубов и страст кон виното.
Станува збор за винарија и хотел со 7 елегантни соби, со рачно изработени дрворези, ентериер кој сведочи дека сте во балканскиот Ерусалим.Тука се прават вината од заборавените сорти од регионот: памид, р’кацители, охридско црно, вранец, сместени во шишиња со современ дизајн. Виното со потпис на газда Буцо, што се чува и созрева во амфора од 500 литри, донесена од мајката на виното, Грузија, може да се проба единствено тука.
Полн капацитет на објектот е 60 луѓе, а концептот е следен: дегустација на божествениот пијалок, со чаша за добредојде. Потоа се пробуваат вината (3 до 6 вина), кои се спаруваат со брускети со макало од лук, вргањ со мајчина душичка, суви домати во маслиново масло и магданос, потоа со намаз (изварка, мешан кашкавал, кравјо сирење), чипс сланина, мед со тартуфи или со сирењата од регионот, задолжителна охридска торта, а крајот на вечерта е со коњак.
Дегустациите се прават и на едрилицата насред Охридското Езеро, во текот на целата година − кој има добро вино, има и добри пријатели!
Фејсбук: vila.malsvetikliment
Инстаграм: malsvetikliment/
Trip Advisor: villa&winery mal sveti kliment
Booking: Villa & Winery Mal Sveti Kliment
Expedia: villa&winery mal sveti kliment
Е-маил адреса: vilamalsvetikliment@t.mk
Веб страна: https://vilamalsvetikliment.com/
Телефон: 046 250 655 / 076453961
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.