Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: 5 маси внатре 20 седишта, надвор 5 маси
Локација: Бистро во срцето на Скопје
Адреса: ул. Св. Кирил и Методиј 2/1
Сопстеник: Елена Џајкоска
Гранче е објект каде поради последично-причинските убавини на храната, во
лебородна атмосфера се чувствува тивка, гурманска еуфорија. Минатата 2020 година Елена Џајковска, инаку членка на Алијансата на готвачи на Слоу Фуд, го засади своето гранче, кое многу брзо пушти корени, раззелени и еве го − цути.
Можноста гостите сами да прават избор на храна, негувајќи ја филозофијата на Слоу Фуд: користење продукти од мали производители, почитување на животната средина и целосното искористување на храната, веднаш собра армија на следбеници што секојдневно ја покажуваат својата лојалност.
На ова место изгледот на храната секогаш е во функција на вкусот, текстурата. Прегратка на денот е со светото тројство на салати со грав, рукола, сланина, чаден пипер и македонски овчи кашкавал. Потоа, со печено цвекло, рукола, портокал, јаболко, козјо сирење, ореви и мед и мешана зелена салата со наут, хариса, паста од лук, морков, фета, суво грозје и буков чаден пипер.
Патем, рецептите на баба не можат да се имитираат, но можат да се прегрнат со мигот на сегашноста, преку креативното готвење на сопственичката. Кога на внимателно одбрани чинии, Елена ќе послужи баклава со ореви, лешници, темно чоколадо и сируп од портокал, сервирана со јогурт и ореви, е тоа е глетка што може да му конкурира на вкусот. И обратно. Вистинска распламтена магија.
Телефони: +389 71 200 560
Е-маил адреса: contact@granche.mk
Веб страна: www.granche.mk
Фејсбук: www.facebook.com/granchemk
Инстаграм: www.instagram.com/granche.mk
Trip Advisor: tryspicy/skopje/granche
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.