Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: Седишта 70 внатре 120 надвор, cоби 13 кревети 32
Локација: На западниот брег од Охридското езеро на самата граница со Албанија. Од Струга е оддалечено 11 км и се наоѓа веднаш на самиот пат.
Адреса: Радожда , Струга 6330
Сопстеник: Шопоски Ангелко
Можете да помислите на мир и на среќа, на езеро и риби, или на лето и безгрижност: секогаш невидливите синџири се помеѓу тие два збора. Исто како што се и помеѓу „Вила Радожда“, сместена на самиот брег на југозападниoт дел на Општината Струга. Од 2008 година семејството Шопоски е со заедничка цел − што повеќе да се вгради во оваа шармантна гостилница.
Веќе 12 години гостите кои ја покажуваат лојалноста кон локалот, од Велигден до октомври, знаат дека вистинската привилегија е да се јаде дива риба, а тука можете да се нагостите со 4 вида од Oхридското Eзеро, подготвени на традиционален начин, ама сервирани поинаку од очекуваното.
Добредојде ќе ви посакаат со домашно макало, тазе леб со крцкава коричка и пекарски компир, тоа е поздрав од домаќините кои имаат желба да ги паметите миговите. Можете да нарачате јагула на струшки начин, крап на кромид − со тајните мирудии на домаќинот, тресена пастрмка, раскошни салати и вистинска атмосфера пренесена од соседното море. Слаткиот дел е со раванија и домашните колачиња на Ирена со многу ореви.
Објектот располога со 13 соби, имате можност да седнете на една од 25-те маси сместени на самото езеро, а надвор од сезоната ќе јадете внатре, во просторот со винтиџ белег − многу гоблени и асоцијации од времето кога оваа рачна работа беше вистински хит…
Фејсбук: Vila Radozda
Инстаграм: vilaradozda/
Trip Advisor: Vila Radozda
Е-маил адреса: vilaradozda@yahoo.com
Телефон: 070 42 74 74
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.