Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет: 180 седишта внатре, 250 надвор 2 паркинг простора за околу 70 коли, Локација: На местото каде што денес се наоѓа Ореов лад во 1870 г п остоел Ан кој се нарекувал САрајски ан, кое што било место за одмор на караваните кои патувале од Западна Македонија кон Скопје. Лоциран е во западниот дел од градот, во спортско рекреативниот центар “Сарај”, на патот кон Матка.
Адреса: Сарајска 1, 1000 Скопје
Сопстеник:Сузана Стојковска
Поради вкусната храна, изолираноста од градот, градината со расцутени патеки, пресни мирисни тревки и две романтични мостиња, хедонистите за спас од бучавата и урбаниот метеж го одбраа „Ореов лад“. Во биографијата на овој семеен ресторан, како плод на семејна угостителска традиција се спомнува 1980, а од 1997 година сопственичката Сузана Стојковска, во менито ја потенцира македонска кујна и потсетува на заборавените вкусови. Наједноставните работи тука се издигнати на ниво на совршенство.
Гостилница е општествена институција, а доказ дека јадењето е привилегија за оние што се сакаат е топлиот амбиент со елегантен ентериер, големите прозорци од каде може да се впие целата надворешна убавина. На сите 6 000 квадрати, заедно со собите за издавање и 4 апартмани, во внатрешниот дел можат да се сместат 100 и во надворешниот − 200 луѓе.
По желба на гостите, готвачите ги прават старите јадења што ги нема во редовното мени, а препорака на куќата е грнето Ореов лад, со микс од месо и зеленчук, тегнета пита печена под вршник, пастрмката од сопствениот базен, а многу баран е и пинџурот од пиперките набрани од нивната градина и дебарските овчи сирења.
Дека гостинот е на прво место, сведочи и податокот дека во локалот можете да дојдете со домашно галениче, а во лето е активно отвореното кино за деца.
Фејсбук: oreovlad
Инстаграм: oreovlad/
Trip Advisor: Oreov Lad
Е-маил адреса: oreovlad@gmail.com
Веб: http://oreovlad.com.mk/
Телефон: 02 205 7958
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.