Ознаки кои ќе ги добие: Во координација со уредниците и листата на ознаки
Капацитет:
Локација:
Adresë:
Сопстеник:
Да се работи со природата, а не против неа
Винар
Младиот енолог Петре Пешков од самиот почеток кога ја наследува винската приказна од својот татко и по завршените студии за енологија, има јасна визија за тоа како треба да изгледаат неговите вина – органски, со почит кон природата, свежи за да може да се консумираат секојдневно и, пред сè, овошноста да им биде водечка карактеристика.
Лозови насади
Пешков поседува 2,7 хектари засадени со темјаника, смедеревка и вранец лоцирани во селото Ресава. Лани винаријата го доби сертификатот за органско вино за смедеревката, а од следната година сите вина ќе бидат сертифицирани како органски. Петре откупува грозје и од кооперанти кои ги почитуваат строгите принципи за одгледување органско грозје.
Вина
Петре произведува вина од регионалните сорти смедеревка и вранец, како и од интернационалната мускат блан а петит гран (Muscat Blanc à Petits Grains), кај нас позната под синонимот темјаника. Овој млад енолог се впушта во експериментирање во винскиот подрум, попатно водејќи грижа за лозјата и природата која ги опкружува, a сето ова е лесно приметливо и во неговите вина.
Фариш 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Оваа органска смедеревка е од насади во локалитетот Фариш. Интензивна на нос и вкус, богата во ароми на зелени јаболка, огрозд и зелен лимон. Се одликува со живост, свежина и привлечна леснотија – стил кој треба да се поттикне и охрабри.
Темјаника 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Суво вино добиено од сопствените насади во месноста викана Ресава. Изобилува со ароми на ситен босилок и млади праски, надополнети со суптилни ароми на кајсија. На вкус повторно имаме сочно бело коскесто овошје и кора од лимон, хармонична киселина и зачински последователен вкус.
Вранец 2020 (ВКП Тиквешко виногорје) Суво вино добиено од сопствените насади во месноста викана Ресава. Овошно вино со ароми на божур, вишна и суптилни ноти на цимет. На вкус нè пречекува исто толкаво обилие на црвено ситнозрнесто овошје и боровинки, меки танини и игрива киселина.
Фејсбук: facebook.com/petrepeshkov
Е-маил адреса: petrepeshkov@yahoo.com
Телефон: 070/204-299
Sorry, no records were found. Please adjust your search criteria and try again.
Sorry, unable to load the Maps API.